Личните податоци на македонски граѓани се селат во странство

Bez autora
Jul 28 2010

Лични податоци на македонски граѓани се селат во странство. Tри банки од земјава што се под странска доминација добиле дозвола од дирекцијата за заштита на лични податоци да пренесуваат информации од Македонија во банки од странски земји. Засега информациите за македонските клиенти се пренесуваат во Грција, Бугарија и Франција. Досега во Република Македонија пет банки имаат побарано дозвола за согласност за вршење на пренос на лични податоци во други држави, од три веќе вршат пренос, една банка е во фаза на подготовка на системот за изработување на пренос на личните податоци и една банка чека да склучи договор за пренос на лични податоци со земја што не е членка на Европската Унија. Дозвола за пренос на податоци добиле Охридска, Алфа и Силекс банка. Во постапка за добивање на дозвола се Стопанска и Зират банка. Преносот на податоци од базите во земјава во странските банки го овозможува законот за спречување на перење пари со кој од почетокот на годинава граѓаните се принудени да даваат изјави во банките. Барањата што ги доставуваат банките на своите клиенти изобилуваат со детали за вашата брачна, имотна, финансиска, политичка состојба и позиција.

Личните податоци на македонски граѓани се селат во странствоЛични податоци на македонски граѓани се селат во странство.

А1 обелоденува дека три банки од земјава што се под странска доминација добиле дозвола од дирекцијата за заштита на лични податоци да пренесуваат информации од Македонија во банки од странски земји. Засега информациите за македонските клиенти се пренесуваат во Грција, Бугарија и Франција.

„Досега во Република Македонија пет банки имаат побарано дозвола за согласност за вршење на пренос на лични податоци во други држави, од три веќе вршат пренос, една банка е во фаза на подготовка на системот за изработување на пренос на личните податоци и една банка чека да склучи договор за пренос на лични податоци со земја што не е членка на Европската Унија“, изјави Јовица Страшевски.

Дозвола за пренос на податоци добиле Охридска, Алфа и Силекс банка. Во постапка за добивање на дозвола се Стопанска и Зират банка. Преносот на податоци од базите во земјава во странските банки го овозможува законот за спречување на перење пари со кој од почетокот на годинава граѓаните се принудени да даваат изјави во банките.

Барањата што ги доставуваат банките на своите клиенти изобилуваат со детали за вашата брачна, имотна, финансиска, политичка состојба и позиција. Иако банкарите внатре пишуваат дека се работи за податоци што се водат како деловна банкарска тајна, сепак останува отворена дилемата дали е можна злоупотреба на овие лични податоци.

За безбедноста на личните податоци во земјава гарантираат самите банки со образложение дека се работи за деловна тајна. Но се отвора дилемата за безбедноста на податоците надвор од Македонија.

„Наша ингеренција е во рамките на државата Република Македонија, оној договор што е вклучен да ги опфати сите безбедносни мерки за тие податоци да бидат заштитени, меѓутоа ние немаме ингеренции како дирекција, ниту било кој орган од државава, надвор од нашата држава како тие лични податоци се чуваат“, додаде Страшевски.

Според експертите, банките може да разменуваат информации поради безбедносни причини, но сепак дел од познавачите сметаат дека нивото на безбедност и гранација треба да биде на највисоко ниво бидејќи се работи за сензитивни податоци што може да бидат злоупотребени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik